Makedonsko zname English flag

hospitality is imperative to us



Добредојдовте

image

Во август 2004 та година го отворивме за ноќевање новоизградениот објект „Монтенегрин Инн“, во центарот на Охрид, на главниот булервар. Тоа што досега ние го баравме како гости, се потрудивме да им го понудиме на другите: просторни, комфорно опремени соби, хигиенски дотерани како никој претходно да не престојувал во нив, опуштеност, лежерност и интимност. Ќе уживате во погодната положба, блискоста на маркет, историските споменици и центарот и езерото.

Голема благодарност на нашите први гости ( од над 20 држави во светот и нашата земја). Тие ни дадоа подстрек да ја надминеме почетничката трема и стекнеме самодоверба. Голема благодарност и на сите останати гости, случајни или намерни, зошто стануваат дел од нашето живеење; не само како имиња во книгата за гости, туку како луѓе кои ги паметиме и кои не паметат нас.

Сместени кај нас, Охрид го имате на дланка, го чувствувате неговиот пулс и засекогаш се вљубувате во него.
Сите АКТУЕЛНИ ПРОМОЦИИ на Монтенегрин Инн може да ги најдете на нашата Facebook страница.

Резервација

Вашето име:
 
е-пошта:
 
Дата на пристигнување:
 
Ноќевања: Соби:  
 
 
Тип на соба: